Под мотото „Кој чека ќе дочека“, нашата омилена манифестација влегува во својот 27-ми мандат
На сцената повторно ќе ги видиме најголемите музички звезди од Македонија и регионот, не очекува незаборавна сатира, хумор и насмеани лица.
Влезот ќе биде дозволен и за посетители со стари лични карти и пасоши, за кои ќе има организирано колективно фотографирање, делење образци и потписи.
Златна Бубамара – незаборавен момент кој се случува еднаш, а се раскажува со децении
Дојдоа времиња кога е полесно да дојдете до карта за Бубамара - отколку до лична карта
Да се чекираме на бубамарскиот лет број 27.