+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk




ПРАВИЛА И ПОЛИТИКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Секој билет овозможува еден и единствен влез во салата, без можност за повторно влегување доколку ја напуштите.

Купениот билет не може да биде вратен, заменет или предаден на друго лице. Доколку го изгубите билетот, истиот не може да биде заменет со нов. Набавката на овој билет подлежи на Правилата и Прописите важечки за салата, кои се јавно обележани на објектот на сите шалтери. Доколку доцните, бројот на вашето седиште повеќе не можеме да го гарантираме.

Доколку настанот е откажан, организаторот има право да ги дефинира условите на надомест (вклучувајќи го и намалувањето на цената на билетот заради преместување). Било каква измена на програмата, измена на распоредот итн, не претставува причина за замена или надомест.

На оние што имаат купено билет, им се забранува да внесуваат предмети кои наметнуваат политички пораки, или кои содржат комерцијални или маркетиншки белег кој може да ги прекрши облигационите права на трети страни. Строго е забрането на секој што има купено билет, да внесува животни во објектот. Освен тоа, секакви предмети што можат да послужат како проектили или оружја, како и пиротехнички материјали, отровни, експлозивни или запаливи субстанци се строго забранети во објектот. Истото важи и за шишиња, лименки и алкохолни пијалоци. Не е дозволено да се снима филм, видео или ДВД запис. Пушењето е забрането во објектот и сите поврзани реони.

Поради безбедносни причини, безбедносни контроли ќе бидат спроведени на сите влезови. Влез во салата може да биде одбиен на сите оние што не пристапуваат кон ова правило. Секој што има купено билет за настанот, ја превзема одговорноста да ги почитува назначените Правила и Прописи. Секој прекршок ќе се казнува. Влез во салата може да биде одбиен на лица чие однесување го прекршува законот и редот.

Влез во објектот може да биде одбиен на сите оние кои не се придржуваат на општите услови, а доколку дојде до прекршок на истите, лицата ќе бидат отстранети без право на надомест за билетот.



ПОЛИТИКА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ

Во случај на ОТКАЖАНИ или ОДЛОЖЕНИ НАСТАНИ, karti.com.mk ја има следната политика:

  • За ОТКАЖАНИ настани парите ќе Ви бидат вратени за влезниците купени преку Интернет (online). Доколку сте купиле влезница од продажно место, дополнително ќе бидете известени на каков начин ќе Ви бидат вратени парите.
  • За ОДЛОЖЕНИ настани навремено ќе добиете известување за датумот и местото на настанот. Доколку терминот за одложениот настан не е во согласност со вашите активности, влезниците ќе ви бидат заменети со влезници за друг настан или парите ќе ви бидат вратени.
Рефундирање на средства за откажување на онлајн купени карти, по барање на клиентот, не е можно. 


Што претставува е-ваучер и општи услови за негово користење?

Е-ваучер

Доколку Вашата трансакција е успешна, во рок од неколку минути на е-маил адресата ќе добиете е-ваучер. Eлектронскиот ваучер (во пдф формат) е документ кој содржи единствен бар код и е доказ дека сте купиле карта за одреден настан. Тој ваучер задолжително треба да го отпечатите. Е-ваучерот најчесто се менува со физичка карта според процедурата која ја одредува организаторот на настанот. Доколку за одредени настани не е потребно замена на ваучерот со реална карта, истиот го користите како карта за влез на настанот. Во случај кога бар кодот од е-ваучерот не е можно да биде прочитан поради оштетување на хартијата, влезот на настанот или замената со физичка карта ќе биде отежната или оневозможена, па затоа Ве молиме да ги чувате е-ваучерите од оштетувања.

Важно е да се напомене дека, валидна е само базата на податоци за продадени е-ваучери која ние ја имаме.  Било каква злоупотреба на е-ваучерот ќе биде проследена против одговорното лице по судски пат.

Важно: Е-ваучерите кои не се отпечатени, не се валидни!