+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk




Контакт информации

Телефон: +389 (0)2 3080 111

во период од 09:00 - 17:00 часот

 

Е-пошта: info@karti.com.mk




Често поставувани прашања:

1. Доколку купам билети online, дали имам гаранција дека ќе можам да ги подигнам картите од билетара пред почетокот на настанот?

Почитувани, по купување на билетите online, на Вашата e-mail адреса ќе добиете документ кој треба да го испечатите. Со приложување на тој документ ќе може да ги подигнете Вашите карти од билетара.

2. Ме интересира дали картата ќе ми биде доставена на домашна адреса или ќе треба да ја подигнам на влез?

Почитувани, моментално не вршиме достава на билети. За одредени настани потребно е на влез да го приложите отпечатен документот кој сте го добиле на e-mail, додека за други настани, со приложување на истиот отпечатен документ ќе може да ги подигнете билетите од билетара. На Вашата e-mail адреса добивате информација која од претходните две опции ќе ја користите.

3. Ме интересира дали е потребно да креирам свој профил за да можам да купувам билети од Вашиот сајт?

Почитувани, доколку сакате да купувате билети преку karti.com.mk не Ви е потребен профил. Единствено што треба да направите е да го изберете настанот за кој сакате да купите билет, да ги селектирате саканите седишта и да го изберете копчето купи.