info@karti.com.mk

Жени во црвено 09.10.2024

Октомври

09

900 - 1600 мкд

19:00

Национална Опера и Балет, Скопје

                                                                           

 

 

                                                                                                                                          ЖЕНИ ВО ЦРВЕНО

Комедијата „Жени во црвено“ зборува за четири жени чија сурова и апсурдна реалност во која живееме доведува до неверојатен расплет. Поранешната стјуардеса Тамара и нејзината невработена сестра Нора се во долгови и немаат пари да го платат станбениот кредит.  Динка,службеничка во банката доаѓа да им го конфискува имотот, но таа наидува на силен отпор. Сестрите спремни на се  да го  задржат покривот над глава, ја земаат правдата во свои раце. Ситуацијата станува се покомплицирана, оди во „црвено“ кога вооружените специјалци ја опкружуваат зградата. Тогаш на местото на настанот стапува Анѓа, полицајка со својот горлив проблем.Жените во црвено“ на хумористичен начин зборуваат за сериозна ситуација во која може да се најде секој од нас, но зборуваат и за тоа како секој проблем може лесно да се реши кога сите ќе ги здружат силите и како благородноста, пријателството и искрените емоции можат да ги помират завојуваните страни.


Улоги: Олга Одановиќ, Дубравка Мијатовиќ, Анастасија Мандиќ, Сена Ѓоровиќ
Текст: Давор Шпишиќ
Режија: Бојана Лазиќ
Сценографија и костимографија: Јелена Стокуќа
Автор на музиката: Ирена Поповиќ Драговиќ