Со богата програма и со најдобрите претставници од свадбената индустрија
на 21 февруари се отвора традиционалниот Саем за Венчавки “Wedding
Expo25”. Ова ќе биде 13то издание на саемот, а по традиција ќе се одржи
во хотелот Александар Палас. Саемот ќе ги отвори вратите за посетителите
во петок на 21ви во 18ч. а ќе трае до 23ти недела до 18ч. На саемот ве
очекуваат 50тина изложувачи со огромен избор на венчаници, костуми,
накит, декорации, музика за свадба итн.