TAKSIRAT FESTIVAL PRE PARTY EVENT
Свемирко
Хрватската поп атракција СВЕМИРКО со самостоен концерт во СКОПЈЕ.
СТАНИЦА 26
Почеток 20:30
Свемирко е поп бенд. Иако нивната музика можеби не е поп во класичната смисла на таа дефиниција, тие секако се оние кои ги поставуваат трендовите и ги поместуваат, па дури и ги отстрануваат границите.
Клучната личност на Свемирко, главниот креативен ум зад бендот, Марко Вуковиќ, продолжува да го исполнува ветеното и неочекуваното.
Три објавени албуми, во обратен редослед: „Скаламерија“ од 2020 година, „Тунгузија“ од 2018 година и „Ванилија“ од 2017 година, ја сочинуваат трилогијата „-ија“ на Свемирко од епски размери, а самиот Вуковиќ продолжува да компонира и пишува нови песни и материјали од сосема нов карактер.
Дел од ова е откриено во актуелниот дует „Носи ме на души“ што тој го напиша заедно со Пеки Пеле.
Спротивно на „несмасно изработениот предмет, монтажа или структура“ што ги користи за да го опише својот претходен албум, Вуковиќ несомнено вешто создава рафинирана музика која “удира” токму онаму каде што треба.
Како бенд и изведувач, Свемирко внесува новини во нивниот настап во живо, нешто што публиката досега не е навикната да го слуша и гледа, а единствена сигурност е дека никого нема да остави рамнодушен.
Движењето е вткаено во сржта на музиката на Свемирко, а мелодиите и ритамот се нишки што ќе ве заробат и ќе ве поттикнат да танцувате, сакале или не.
Во соработка со КОМПОТ