info@karti.com.mk

“Стремеж”

Ноември

23

600 мкд

20:00

НУЦК Јордан Х. К. Џинот, Велес

                                               

“Стремеж”

Авторски концерт на Владимир Николов и Националниот Џез Оркестар во Велес

На 23-ти ноември во 20:00 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес ќе се одржи авторски концерт на македонскиот композитор и диригент Владимир Николов. На концертот ќе бидат изведени одбрани композиции од неговиот богат творечки опус, меѓу нив и неколку светски и македонски премиери. Ова е воедно и прв негов целовечерен авторски концерт со овој оркестар.
Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на изразни средства и жанри, користејќи ги искуствата во класичната музика и џезот како точка на поаѓање. Веќе подолго време е “зад сцената” во улога на аранжер во светски оркестарски проекти, но често настапува и како диригент со реномирани солисти и ансамбли.

Како редовен аранжер на еден од најдобрите ревиски оркестри во светот – Метропол Оркест, соработувал со врвни имиња како Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Џулс Бакли и Џејкоб Колиер. Како автор и бенд лидер има издадено три студиски албума со ансамблот Николов-Ивановиќ Ундектет. Угледниот магазин JazzTimes овој ансамбл го оценува како „извонреден, еден од моментално најкреативните големи џез ансамбли во Европа”, а Downbeat музиката на овој ансамбл ја оценува како „ритмички сложенa, хармонски евокативнa, беспрекорно аранжиранa”.

Овие квалитети прострујуваат и во неговата музика за Биг Бенд оркестар која соединува различни стилови во еден органски сублимат. За своите композиции и аранжмани за Биг Бенд е добитник на бројни награди и признанија. Авторскиот концерт насловен „Стремеж” вклучува композиции од различни периоди во минатите 22 години авторска дејност.

Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од оваа специјална вечер.