Стјуардеси
Претставата „Стјуардеси“ е класична фарса. „Стјуардеси“ има седум врати и многу необјасниви ситуации. Бернард е успешен архитект, кој има фантастичен стан, домашна помошничка и ја има формулата за совршен полигамен живот. Оваа формула се обидува да му ја претстави на својот најдобар пријател Роберт. Формулата за совршен живот е: да се има три стјуардеси од три различни компании, кои патуваат секој ден во Скопје и за секој ден има по една различна девојка-вереница. Но равенката многу брзо се распаѓа, а сите непријатни ситуации се случуваат во станот на Бернард – еден вереник, три вереници, неговиот најдобар пријател и Берта, домашната помошничка која се труди да одржи сè во најдобар ред.
Организатор на настанот: Театар Комедија