info@karti.com.mk

20 години SMUT @Taksirat 18

Декември

02

250 мкд

21:00

МКЦ, Дансинг Сала

Кога пред 20 години SMUT почнаа да свират немаше метал-кор во Македонија. Денес зборуваме за бенд кој е основоположник на стилот во регионот и една од најценетите групи во овој дел од Европа. Во 1996 година во Западно Скопје групата ја формираа деца кои денес се семејни луѓе со четири албуми и стотици концерти позади себе, од кои некои заедно со Sick of It All, Biohazard, Integrity, Hatebreed, Madball, Ignite... Поентата на оваа група отсекогаш била во живите настапи. Којзнае колку деца од сцената својот прв stage dive или circle pit го направиле токму на SMUT концерт. Спремајќи се за снимање на својот петти албум кој излегува во 2017 групата ќе отсвири дел од новиот материјал во МКЦ, и тоа верувале или не (знаејќи дека SMUT ги има наполнето сите скопски клубови!!!) на својот ПРВ самостоен концерт во денсинг салата. Очекувајте многу гости и соработници, енергичен бенд и публика... препознатливата атмосфера на заедништво која низ годиниве стана трејдмарк на групата. Ѓорѓи, Баге, Горан, Дарко и Неврус ја спремија славеничката торта и како и секогаш ќе остават срце на бина. Овој пат на Таксират 18, SMUT 20.

Концертот на SMUT ќе се одржи на 2 декември (петок), во МКЦ, Скопје.

Цена:
200 денари - Earlybird (лимитирано само на 300 билети);
250 денари - Претпродажба;
300 денари - На врата.