info@karti.com.mk

Роби Лакатош

Март

26

250 мкд

20:00

Центар за Култура Битола

РОБИ ЛАКАТОШ во Битола

 

НУ Центар за култура Битола и Камерниот Оркестар со огромно задоволство Ви го најавуваат првиот концерт во 2017, на кој како солист ќе настапи врвниот виолинист, виртуозот на "Чардашот"- Роби Лакатош. Концертот ќе биде одржан во Големата сала на 26.03.2017 година, со почеток во 20:00 часот.
Роби Лакатош не е само виртуоз, со неговата уникатност и стилска разновидност создава магија на сцената.  Со леснотија ја комбинира класичната музика, со џез и унгарски фолклорен идиом.  Лакотош е музичар кој пркоси на било која дефиниција. “Ѓаволскиот виолинист”, истовремено е класичен музичар, џез импровизатор, композитор и аранжер .

Тој е уникатен вид на универзален музичар кој толку ретко се среќава во наше време – музичар чија снага како изведувач произлегува од неговите активности како импровизатор и композитор.  Има настапувано на најпознатите фестивали во Европа, Азија и Америка, заедно со најголемите џез имиња како Херби Хенкок, Квинси Џонс, Стефан Грапели...