СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
53 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ
ПРЕМИЕРА
Џузепе Верди
„РИГОЛЕТО“
09.05.2025, 20.00часот
Синопсис
Во дворецот на војводата од Мантова се одржува бал. Војводата и се додворува на грофицата Чепрано. Дворскиот шут, Риголето го исмејува грофот Чепрано, а Маруло им кажува на присутните дека Риголето тајно има млада и убава љубовница. Тие се договараат да ја грабнат. На балот пристигнува грофот Монтероне, чија ќерка војводата ја обесчестил. Сите се подбиваат со него, најмногу Риголето. Монтероне ги проколнува и Риголето и војводата.
Потресен од клетвата Риголето си оди дома, каде пред својот дом се среќава со Спарафучиле кој му ги нуди своите услуги на професионален убиец.
Во домот, Риголето спокојно разговара со својата ќерка Џилда, а на дадилката Џована и наредува никој да не влегува во нивниот дом.Тој заминува загрижен, а во домот доаѓа војводата престорен како студентот Гуалтиер Малде. Ја поткупува Џована со пари, таа го пушта внатре и на Џилда и изјавува љубов. Пред домот се собираат дворјаните со намера да ја грабнат Џилда. Со нив е и Риголето на кого му кажуваат дека ќе ја грабаат грофицата Чепрано која живеела блиску. Со превез на очите, во грабежот учествува и Риголето држејќи ја скалата. Кога работата е завршена, Риголето со ужас разбира дека е излажан и дека учествувал во грабежот на сопствената ќерка. Клетвата на Монтероне почнала да се обистинува.
Во дворецот на војводата, дворјаните разбираат од Риголето дека Џилда му е ќерка. Во бес, Риголето влетува во одаите на војводата. Џилда посрамена трча кон татка си. Тој се колне дека ќе се освети. Џилда го моли да му прости на војводата.
Во крчмата на Спарафучиле, Риголето прави договор со него, војводата да биде убиен. Ја испраќа Џилда престорена во машко, но таа се враќа со намера да се сретне со Војводата. Го слуша разговорот помеѓу Спарафучиле и Мадалена, при што таа го моли да го поштеди војводата. На вратата од крчмата, во мракот Спарафичиле ја убива Џилда, сакајќи на тој начин да ги оправда парите пред Риголето. Тој бара да го види телото завиткано во вреќа. Со ужас констатира дека е тоа неговата ќерка. Пред смртниот час Џилда го моли да и прости. Риголето се присетува на проклетството на Монтероне.