info@karti.com.mk

РАЈМОНДА – АЛЕКСАНДАР ГЛАЗУНОВ

октомври

29

400-600 мкд

20:00

Национална Опера и Балет

Александар Глазунов

Рајмонда

29.10.2022 – 20 часот

Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Сценограф: Андреј Злобин (Украина)
Костимограф: Гана Ипатиева (Украина)
Репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова,  Билјана Пашариковска и Дафина Данилоска-Кочевска
Концерт мајстор: Верица Ламбевска

Настапуваат:
Рајмонда: Марија Кичевска Шокаровска
Жан де Бриен: Балаж Лочеи (Унгарија)
Абдурахман: Васил Чичијашвили (Грузија)
Бела Дама: Ивана Коцевска

Рајмонда“ е балет во два чина. Светската премиера е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург, во јануари, 1898 година. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на Романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството, честа и т.н. Во „Рајмонда“ тоа е Белата Дама со нејзиниот Бел Шал, инаку покровителка на благородничкото семејство на младата грофица Рајмонда де Дорис. Таа „секогаш“ е тука за да ја спаси честа на аристократите. Дилемата на младата грофица Рајмонда, кого да одбере за брачен сопатник, славниот благороднички рицар Жан де Бриен, или гордиот и властољубив сараценски јунак Абдерахман, Белата Дама, ја разрешува во корист на де Бриен.