Поточиња 2022
КОНЕЧНО НАЈУБАВАТА ВЕСТ!
ARGETA JUNIOR ВИ ПРЕТСТАВУВА: ПОТОЧИЊА 2022 НА 18 И 19 ЈУНИ ВО ФИЛХАРМОНИЈА!
Најмили другарчиња, конечно дојде денот повторно да се дружиме на големата сцена. После три години без никакви ограничувања и рестрикции ПОТОЧИЊА повторно во сиот свој сјај ќе протечат и ќе разлеат нови игри, песни, насмевки и радости на голема сцена и пред полна сала.
За првпат во прекрасната Филхармонија и за првпат наместо да ја пречекаме, ќе ја испратиме пролетта со песна. Премногу сме возбудени и со нетрпение Ве очекуваме, затоа што мина се, а ние сме повторно тука само за Вас. Ви ветуваме голема забава и вистински детски спектакл!
Се гледаме на ПОТОЧИЊА 2022, јеее!