Сизиф на Pluto's Doubts • концертен перформанс
На 4-ти декември во Кино Фросина, Pluto's doubts ве носат на концертен осврт кон сѐ што се нашло во орбитата на нивниот деби-албум. Деветте нумери содржани на изданието СИЗИФ, премиерно ќе бидат свирени јавно, а искуството за посетителите ќе биде збогатено со код за бесплатен download.