+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



Партибрејкерс

Февруари

09

250 мкд

21:00

МКЦ



Партибрејкерс во МКЦ 

Partibrejkers концерт во МКЦ


Според нашите истражувања, Брејкерси немаат свирено во МКЦ уште од 11 декември 1992 година (исправете ако грешиме), и исто исправете ако грешиме, ама сеќавањата велат дека последен концерт во СКопје е во 2008 година на мото фестивал на саем на отворено.

Наместо класична најава, извадок од „Дневникот на еден 13-годишник“ во врска со концертот во МКЦ во 1992:
„Среќа дека имам постар брат и дека сака да ме влече по концерти. Не беше лоша година, два пати ЕКВ, и еднаш Електрични оргазам, едвај чекам вечер да ги гледаме и Партибрејкерс.
МКЦ преполно, панкери, скинери, секаков тип луѓе. Почнува концертот и одма сфаќам дека ова нема да биде баш ист концерт како минатите, публиката е полудена, пола сала е у „шутка“, се повлекувам на скалите горе од кај што можам да гледам подобро.
Сфаќам дека Цане е луд, го плукаат, го вреѓаат, нему како да му се свиѓа сето тоа. Завршува - Оно што покушавам - и Цане вика: „Ово су вам задњи дани слободе, зато се лепо проведите“.
Реченица што на момент ми го смени текот на концертот и која сигурно ќе ми остане врежана во глава, но на кој му е гајле....
Дури и ако навистина се последни денови на слободата, не пропуштам да се спуштам доле на - 1000 година - и со 1000 разулавени луѓе да пеам на цел глас:
Знак кад би живео 1000 година
цео би ми живот стао у један дан
а један позив мења све...“