info@karti.com.mk

Национална Опера и Балет 

Националната Опера и Балет е проектирана за 781 - 1008 (во случај на драмски претстави) седишта во големата сала, и со 232 седишта во малата сала (експериментална сцена). Програмата предвидува простории за посетителите, како и простории за подготовка и изведба на уметностите. Просториите наменети за посетителите, како фоајеата, гаредорбите и санитарните јазли се обликувани во стилот на ектериерот со што се добива и репрезентативен ентериер и модерни материјали, додека за аудиториумот и седењето е обезбедена максимална удобност и квалитет. Димензионирањето на главната и другите сцени, сценската кула и техника, овозможуваат варијабилност во типот и начинот на изведување на уметностите, со што оперската зграда ставува повеќефинкционална и апликабилна за различни уметности. Делот за подготовка на изведувачите има капацитет за целиот ансамбл на Операта и Балетот, со многубројни гримиорни, сали за вежбање и проби, како и сали за индивидуални изведби. Делот за технички простории содржи и простор за изведување на сценска техника и сценографија, како и работилници за костимска и декоративна опрема.

Пристапот до објектот е од неколку страни, меѓу кои се и јавниот влез за посетители, влез за сценска техника и влез за вработени и администрација. Нето површината на објектот изнесува 16.404м2, додека бруто површината изнесува 10.405м2.