info@karti.com.mk

Наслов

Јуни

08

500 мкд

21:00

МКЦ, Дансинг Сала

                                                                                                                                                                                

МКЦ Дансинг сала | 21:00

MORDÁI

Унгарија

 

Mordái е фолк-рок бенд кој во најголема мера е инспириран од репертоарот на унгарските експериментални фолк музичари од 60-те и 70-те, чиј специфичен звук го отсликува мрачниот дух на друмските одметници. Многу брзо по првиот сингл Mordái се наметнаа како важен дел  сцената во Будимпешта и се претставија на некои од најважните унгарски фестивали и клубови. Првите снимки од 2020-та им донесоа повеќе признанија и следуваше молскавична кариера. Албумот „A Dream Fell On My Еyes“, издаден во 2022, им донесе блескави критики и восхит кај публиката. Групата има настапувано на најпрестижните европски фестивали, како Primavera во Барселона, Eurosonic во Холандија, INmusic, Volt, Waves, Budapest Ritmo, Music Moscow и други. Влијанијата од фолк музиката на звукот на Mordái му даваат автентичност и длабочина, текстовите полна ангажираност, а рокот и гитарите - голема движечка сила. Mordái годинава се најдоа на програмата на South by Southwest во Остин, Тексас, што е досега најголемото признание за бендот.

 

МКЦ Дансинг сала | 22:00

LUFTHANSA

С. Македонија

 

Луфтанза се формираа во 2020 година и со 4 албуми, 5 години подоцна, прераснаа во кормиларите на свежиот бран во македонската алтернативна музика. Вредни, енергични и исклучително скромни, овие талентирани музичари ја претставуваат генерацијата на која ѝ е јасно дека формулата е многу едноставна - со искрена љубов и многу труд, резултатите пристигаат сами. Потврда за тоа се нивните настапи во Унгарија, Полска, Естонија, Латвија, Литванија, Словенија, Хрватска, Србија... Луфтанза имаат неверојатен спектар на вкусови, интереси и музичко познавање. Продукцискиот квалитет на нивниот материјал се носи со изданијата на релевантни светски инди имиња, но тоа не би значело ништо доколку во нивните песни не вибрира енергијата што ја поседуваат. На последното издание „Далеку од вистинското нешто“ (2024) можете да препознаете влијанија и од Black Sabbath, па и од Darkwood Dub и сè помеѓу. И ако воопшто можат да се стават во рамка тоа би одело отприлика вака: експериментален и психоделичен рок, пост-панк и no-wave. А вистинската слика е онаа на концертните настапи.