info@karti.com.mk

Morcheeba (Skye & Ross)

Ноември

25

1000 мкд

20:30

МКЦ

 

Најновиот проект на членовите на светски славниот бенд MORCHEEBA, пејачката Skye Edwards и гитаристот и половина од продуцентското дуо на групата Ross Godfrey го потврдија своето гостување во Скопје во рамки на 18-тото издание на ТАКСИРАТ фестивал. Тие заедно со останатите концертни членови на Morcheeba, басистот Steve Gordon, клавијатуристот Richard Milner и тапанарот Jaega Mckenna-Gordon ќе настапат во Младински Културен Центар, на 25 ноември. Skye и Ross овој нов проект го најавија годинава, започнувајќи ја и големaта светска турнеја „Skye and Ross from Morcheeba“ во чии рамки Скопје и Таксират имаат чест да бидат домаќини на овие извонредни музички уметници. Сет листата на нивниот концерт во Скопје ќе ги опфати сите големи хитови и најважни моменти од кариерата на Morcheeba која трае речиси две децении, но публиката воедно ќе има прилика да ужива и во песните од новиот албум.

Концертот на Morcheeba во Скопје ќе биде со строго ограничен капацитет, односно само 800 билети кои ќе бидат пуштени во продажба од среда (21 септември).