info@karti.com.mk

MAVROVO THRONES

февруари

24

600 мкд

09:00

Ски центар Заре Лазаревски

MAVROVO THRONES

The ultimate top to bottom race

mavrovo thrones - the ultimate to bottom race 

“Почитувани скијачи, бордери, фанатици

 
Чест и задоволство ни е да го најавиме "MAVROVO THRONES", настан кој за прв пат ќе се одржи на Ски Центар Заре Лазаревски воедно и прв од таков тип во Македонија. Суштински МТ е трка на скијачи и бордери со која сакаме да ги пронајдеме најбрзите маж и жена на планината и да ги прогласиме за Кралот и Кралицата на скијањето или бордањето на ски центарот во Маврово. 


Сите пријавени стартуваат од највисоката точка на скијалиштето (врв на Белички ски лифт) а финишираат на крајот од ски патеката под едносед. Секој ја избира својата стаза по која ќе се движи без никакво правило. Сепак, за време на трката ќе има 3 точки каде натпреварувачите ќе мораат да поминат (check point) и тоа:

1 точка - Галичко Бачило
2 точка - Првиот повратен ски лифт од кај Трифкова колиба (тој што не е во функција)
3 точка - Трифкова колиба


На двете попатни бачила (Галичко и Трифкова колиба) секој учесник мора да застане каде ќе има додатни игри, кои мора да ги комплетира пред да продолжи понатаму.”