50 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ
Гаетано Доницети
ЛУЧИЈА ОД ЛАМЕРМУР
18.5.2022, 20 часот
Диригент: Алесандро Д’Агостини (Италија)
Режисер / Сценограф: Лев Пулиезе(Италија)
Костимограф: Марија Пупучевска
Светло дизајн: Васко Лисичов
Хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Асс.костимограф: Марта Трендафилова
Асс.режисер: Tрајко Јордановски, Љупка Јакимовска
Асс.диригент: Катерина Стојковска
Концерт-мајстор: Јане Бакевски
Корепетитори: Елена Сиљаноска,Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Јордан Петрушевски
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Павлина Здравкова, Невена Георгиева
Настапуваат:
Лучија: Ана Дурловски
Енрико: Анџело Веча (Италија)
Едгардо: Благој Нацоски
Артуро: Никола Стојчески
Рајмондо: Алесандро Абис (Италија)
Ализа: Марика Поповиќ
Нормано: Јане Дунимаглоски
Настапува хорот и оркестарот на Национална опера и балет
Синопсис
ПРВ ДЕЛ
Слика 1. / Сцена 1. Градината на замокот кој порано му припаѓал на семејството Равенсвуд, а сега присвоен од ривалското семејство Астон. Нормано, командант на војската на семејството Астон, се сомнева дека Лучија, сестрата на лордот Енрико Астон e тајно вљубена во младиот Едгардо, последниот потомок на семејството Равенсвуд. Тоа сомневање му го доверува на Енрико кој сака неговата сестра да се омажи за лордот Артуро Букло со цел да го врати угледот на семејството. Рајмондо Бидебент објаснува дека Лучија е во длабока тага поради неодамнешната смрт на најзината мајка и не размислува за брак. Нормано го одрекува тоа велејќи дека Лучија секое утро се гледа со некое момче кое ја спасило од напад на бик. Тоа момче би можело да биде Едгардо. Гневот на Енрико е зголемен откако една група војници му потврдува дека го виделе Едгардо како кружи низ градината.
Слика 1. / Сцена 2. Парк, ноќ со полна месечина. Лучија придружувана од Алиса има злокобни претчувства. Алиса ѝ го потврдува тоа и ја преколнува да ја прекине врската со Едгардо, кој доаѓа и го најавува своето скоро заминување во Франција. Тој и соопштува на Лучија дека сака да се смири со Енрико, но Лучија го моли да го одложи тоа за друг пат. Пред заминување, Едгардо и дава прстен на Лучија како знак за верност и ветување за брак.
ВТОР ДЕЛ
I ЧИН / Слика 1. Одаите на лордот Енрико. Свадбата на Лучија со Артуро е веќе закажана, но Енрико стравува дека сестра му може да одбие. За да го спречи тоа тој ги зема сите писма кои Едгардо и ги испратил на Лучија, држејќи во рацете лажно писмо кое ,,сведочи за предавство,, на Едгардо. Се приближува Лучија целата пребледена. Енрико и го предава писмото. Дири и Рајмондо, нејзиниот единствен пријател, се сомнева во Едгардо и ѝ советува да помогне на брата си и да се потчини на судбината. Разочарана и скршена од болка, Лучија се препушта на волјата на Енрико и го прифаќа бракот со Артуро.
I ЧИН / Слика 2. Во салонот подготвен за свадбата пристигнува Артуро, а по него влегува Лучија. Свадбениот договор прво го потпишува Артуро. Во моментот кога Лучија го потпишува свадбениот договор во салата влегува Едгардо. Ситуација е крајно вжештена, мечовите се извадени од кориците, но Рајмондо ги смирува страстите. Едгардо го гледа свадбениот договор и ја прашува Лучија дали е тоа навистина нејзин потпис. Цела збунета Лучија одговара потврдно. Исполнет со бес Едгардо и наредува да му го врати прстенот кој го фрла на земја и го проклонува денот кога се сретнале. Лучија се онесвестува, а Едгардо заминува.
II ЧИН / Слика 1. Предворје на кулата во Волфераг. Во ноќта проследена со невреме Едгардо размислува за својата несреќа. Влегува Енрико. Во непомирлив дијалог, решаваат да имаат дуел в зори, покрај гробовите на семејството Равенсвуд.
II ЧИН / Слика 2. Сала во замокот на семејството Астон. Сеуште се слушаат празнични свадбени звона, кога влегува Рајмондо носејќи страшна вест – Лучија го прободела Артуро со нож. Пристигнува Лучија во бела ноќница сета во крв, разбушавена коса со заматен поглед на лудак. Талкајќи низ салата таа го повикува Едгардо сеќавајќи се на миговите на нивната љубов. Неможејќи да го издржи ударот на судбината, Лучија паѓа на земјата мртва, опкружена со тагата на присутните и грижата на совест на нејзиниот брат Енрико.
II ЧИН / Слика 3. Гробиштата на семејството Равенсвуд. Едгардо кружи околу гробовите решен во дуелот кој им претстои да му дозволи на Енрико да го убие. Наеднаш се слушаат тажни звуци кои навестуваат смрт. Едгардо се обидува да влезе во замокот, но Рајмондо го спречува и го известува за смртта на Лучија. Потресен од веста Едгардо се прободува со нож и умира упатувајќи ја својата последна мисла кон Лучија.