Петар Илич Чајковски
ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО
21.3.2025, 20 часот
Диригент: Едуард Амбарцумјан (Ерменија)
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Сценограф: Андреј Злобин (Украина)
Костимограф: Гана Ипатиева (Украина)
епетитори: Александра Мијалкова, Владимир Борисов (Украина), Киро Павлов, Марија Јосифовска Ристовска, Саша Евтимова, Дафина Данилоска – Кочевска, Маја Митровска Богојевска, Билјана Басмаџиева Ковачевски
Концерт мајстор: Климент Тодороски
Светло дизајн: Милчо Александров
Инспициенти: Дубравка Шопова,Тијана Тарчуговска Георгиева
Корепетитори: Марјан Василевски, Стефан Пехчевски
НАСТАПУВААТ:
Одета / Одилија: Марија Кичевска Шокаровска
Принц Зигфрид: Франциско Хименез Руиз (Шпанија)
Ротбарт: Валери Љубенко (Украина)
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет
Времетраење: 2 часа и 30 минути
Синопсис
I ЧИН
„Вовед“
Младиот Зигфрид, задлабочен е во своите мечти и фантазии за измислената девојка во бело. Но таа е само илузија. Во својата надеж да ја сретне и да се вљуби во точно таква тој заспива. Одненадеж се појавува чуден човек – тоа е волшебникот на злото – Ротбарт. Тој дознава за мечтаењата на младото момче и решава да докаже, дека вистинската љубов – е само измислица на писателите, поетите и уметниците. Тој создава услови, каде ќе има се: почит, слава и богатство, љубов, предавство и каење…
I сцена
„Парк на Замокот“