info@karti.com.mk

Конференција за Градоначалници - Mayors Summit 2025

МАЈ

20

5400 мкд

09:00

Hotel Double Tree by Hilton

 

Првата национална конференциа за Градоначалници – „Mayors Summit“ powered by Градоначалник.мк, е прв настан од ваков вид во Македонија, посветен на размена на идеи, искуства и најдобри практики меѓу локалните самоуправи.

 

Овој ексклузивен собир ќе ги обедини градоначалниците од различни општини, како и претставници од релевантните домашни и интернационални институции, бизнис- заедницата и граѓанскиот сектор, со цел зајакнување на соработката и поттикнување на иновативни решенија за урбаниот развој.

 

Мисијата на Mayors Summit е да создаде платформа за дијалог и партнерства, преку која ќе се адресираат клучните предизвици со кои се соочуваат општините – од инфраструктурни проекти и дигитализација, до одржлив развој и привлекување инвестиции. Настанот ќе вклучува презентации, панел-дискусии и можности за директни средби меѓу носителите на одлуки и останатите стејкхолдери.

 

Целта на „Mayors Summit“ е да иницира можни решенија и проекти што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и локалните заедници. Преку оваа платформа, градоначалниците и сите присутни ќе добијат нови перспективи и алатки за поефикасно управување, додека компаниите и инвеститорите ќе имаат можност да се поврзат со локалните власти за идни соработки.