Млади македонски пејачи веќе 13 години учествуваат во меѓународниот проект „Романсиада„ посветен на зачувување и просперирање на жанрот на Руска романса , како еден од највпечатливи сегменти на светска културна ризница. Од 2017 г. „Романсиада„ е под егида на УНЕСКО.
На концертот во КИЦ „Салон 19.19„ ќе настапат учесници на натпреварот Балканска „Романсиада„ 2024 г. и членови на Хорот на НОБ со класични и современи романси.
Освен музика публика ја чека средбата со млади рецитатори од гр.Куманово.
Автор на концептот, музички соработник и водител - Елена Сиљаноска, корепетитор во НОБ.