info@karti.com.mk

КАРМИНА БУРАНА – Карл Орф

Октомври

16

600-800 мкд

20:00

Национална Опера и Балет, Скопје

                                                                         

 

„КАРМИНА БУРАНА“

Карл Орф 

16.10.2024 –  20ч.   

 

Диригент Иван Еминовиќ

Концерт – мајстор:

Хор мајстори:   Јасмина Ѓорѓевска/ Ѓургица Дашиќ

Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов и Јордан Петрушевски

 

Солисти на опера:

Сопран: Надe  Талевска

Баритон : Благој Нацоски

Контра тенор:  Денис Димоски 

 

Настапуваат: Хорот и оркестарот на Националната опера и балет 

 

Инспициенти:   Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски

Суфлер: Невена Георгиева

 

ШТО Е „КАРМИНА БУРАНА“ Наједноставно кажано, тоа е вечното актуелно прашање на животната радост, слободата и страста за која пееат уште патувачките студенти и клериците. Истоимениот ракопис од 13 век пронајден 1803 г. во баварскиот манастир Бенедиктбевер беше Орфова инспирација: конечно дваесетина текстови стануваат и конкретен текстуален предлог за ова музичко остварување. Композиторот ни овде не смета на потполно, логично разбирање, на различните јазици: барајќи ги корените на врската што постојат помеѓу митот, музиката и јазикот, разбирањето го нуди во спрега на сите елементи и неизбежното физичко движење – ритамот. „Што е појасна и поедноставна пораката- уште посилен е и подиректен крајниот ефект“. Тој водечки принцип на Орфовото уметничко уверување, силината на неговиот звук и ритамот, произлегуваат уште од експерименталната Гинтерова школа за гимнастика, музика и игра чии што соосновач бил и Орф во Минхен 1924г. Светот на „Кармина Бурана“ е саканиот свет што го остваруваат најспремните. Таму каде што Фортуната- Среќата владее со светот, а сонцето и богот на љубовта имаат власт над сите, трае силна , незапирлива радост. Орфовата музика и неговата визија за театарската волшебност стануваат дел од екстазата на стариот грчки театар: низ неа се обновуваат мистериите, ритуалните свечености, латинската комедија но и фолклорниот театар од тоа поднебје. Кармина Бурана веќе со години го привлекува вниманието на режисери и кореографи од целиот свет поради привлечноста на синкретизмот кој зрачи како неисцрпен извор на можности за нови идеи и инспирации.