info@karti.com.mk

Jazz Cinema Miles Davis: Birth of the Cool - documentary film

Октомври

16

100 мкд

21:00

Кино Фросина, Скопје

                                                                                                                                                 

 

Jazz Cinema Miles Davis: Birth of the Cool – documentary film @ Skopje Jazz Festival

Miles Davis: Birth of the Cool – документарен филм

 

Режија: Стенли Нелсон

Година: 2020

Времетраење: 114 мин.

 

Мајлс Дејвис: трубач, лидер на бенд, иноватор. Елегантен, интелектуален, суетен. Груб, конфликтен, контроверзен. Величествен, темпераментен. Гениј. Олицетворение на „кул“. Човек чиј звук беше толку убав што можеше да ти го скрши срцето. Суштината на животот на Мајлс Дејвис лежи во неговата неуморна решителност да ги руши границите и да живее живот по свои правила. Тоа го направи ѕвезда, но, во исто време – за оние што најмногу го сакаа – и човек со коj е неверојатно тешко да се живее. Одново и одново, во музиката и во животот, Мајлс ѝ пркосеше на конвенцијата – и кога мислеше дека неговото творештво станало нова конвенција, тој повторно го менуваше. Храброто непочитување на традицијата, јасната визија, незапирливиот порив и неговата постојана жед за нови искуства го формираа како инспиративен музички соработник, културна икона за генерации слушатели и голем иноватор во музиката – од „бибоп“ до „кул џез“, модерни квинтети, оркестарска музика, џез-фјужн, рокенрол, па дури и хип-хоп. Прикажувајќи досега необјавени архивски снимки, студиски раритети и ретки фотографии, „Miles Davis: Birth of the Cool“ ја раскажува приказната за еден вистински уникатен талент и го разоткрива човекот позади трубата.