info@karti.com.mk

Госпел Концертот Stefani & The Upper Room

Mart

30

400-600 мкд

19:00

Филхармонија, Скопје

                                                                                                                                               

*Првите 100 продадени сребрени билети се Early Bird со цена од 400 ден.

Stefani & The Upper Room 

Македонската пејачка на госпел и современа духовна музика Стефани Барбутова ќе го одржи нејзиниот втор концерт под уникатниот концепт „The Upper Room“.
Стефани Барбутова е артист кој преку госпел музиката успева да ја оствари својата визија и да ја пренесе на слушателите емоцијата која таа ја чувствува за вечното и духовното. Нејзиниот концепт „The Upper Room“ обединува поголем број на локални и интернационални госпел музичари, како и хор, кој ја претвора оваа изведба во вистинско духовно и сензорно уживање.
На 30 март Македонската Филхармонија ќе пее со гласот на надежта и добрата волја. Вториот госпел концерт на Стефани Барбутова „The Upper Room“ ќе биде отворен за сите оние кои сакаат да уживаат во фантастичната изведба на веќе популарни, но и оригинални песни од Македонија и различни делови на светот, со една цел: да се пее песна за слава на Бог!

Овој концерт исто така има и хуманитарна дејност за мисијата  „Македонија за Африка„ која помага и соработува со локални училишта и сиропиталишта во Уганда.