ФОЛКЛОРНО-КЛАСИЧНА СИМБИОЗА
14.12.2023, 21:00 часот
Голема сала на Национална опера и балет
Заеднички музичко-сценски спектакл на ТАНЕЦ и НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ
За прв пат во историјата овие две национални установи, со повеќе од 130 учесници на сцена, ќе прозвучат заедно во симфонизираните антологиоски кореографии на ТАНЕЦ, „Осоговка„, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“ и „Водарки“, како и во многу други македонски орски и вокални мелодии, обмислени во ново раскошно руво.
Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ Танец, заедно со оркестарот и хорот на НУ Национална опера и балет. Концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ, а концертот е под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска. Оркестрациите специјално за овој проект ги направи Дарко Илиевски.