Find your Beauty – Ве покануваме на најголемиот beauty настан!
Што значи за тебе да ја пронајдеш својата убавина? Одговорот те чека на Find Your Beauty настанот, што се организира од dm на 24 мај 2025 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје од 12 до 18 часот. Подгответе се за ден исполнет со инспирација, грижа, креативност и бројни подароци, бидејќи заедно ќе откриеме што значи да се биде #скрозјас – оригинална личност, посебна и сјајна одватре и однадвор!
За да бидете дел од овој незаборавен настан, сѐ што е потребно е да ја обезбедите својата влезница на време, бидејќи бројот на места е ограничен.
Со секоја влезница за настанот добивате: подарок dm торба, подарок производ од 19 брендови-учесници на настанот, бесплатен оброк и пијалак!
Што ве очекува на настанот?
• 19 beauty катчиња со 19 брендови кои учествуваат на настанот, кои за секој посетител ќе обезбедат атрактивни подароци и советувања
• Можност за: бесплатно одредување на тип на кожа, бесплатен маникир и бесплатна персонализирана анализа на боја која ќе ти помогне да откриеш кои нијанси највеќе му одговараат на твојот тен, коса и боја на очи
• Забавни активности на штандовите: игри, активации и промоција на производи
• Можност за учество во работилници: изработка на лосиони и балсами за усни, изработка на dream catcher-и
• Добра забава, катче за сликање и зона за опуштање
Замислен како манифестација од саемски тип, dm Find Your Beauty на присутните ќе им овозможи од сосема нов агол да се запознаат со различните брендови, да добијат разновидни подароци и преку различни активации да освојат вредни награди.
Обезбедете ја вашата карта навремено и се гледаме на 24 мај!
*Сите содржини и производи на настанот се комплетно бесплатни, а настанот ќе се снима и фотографира за објава во медиуми и на dm каналите.