info@karti.com.mk

Филхармонија

По цели 73 години од своето постоење, Македонската филхармонија конечно доби свој дом. Нов музички храм кој ќе почне да испишува и нова историја на најстарата национална музичка институција во земјава. Сместена помеѓу Државното музичко-балетско училиште „Илија Николовски-Луј“ и Македонската опера и балет, современата концертна сала изградена по светските стандарди за тоа како треба да изгледа и да функционира простор наменет за симфониски оркестар, е мелем за очите. Нејзиното издигнување значеше и заокружување на толку неопходната музичка и воопшто уметничка димензија на градот.

Новиот објект располага со две сали, голема сала со капацитет 1.000 места и мала, повеќенаменска сала со капацитет од 310 места од кои 168 се фиксни седишта, 110 се телескопски и 32 се мобилни седишта. 
Големата сала располага со најсовремени сценско технолошки системи што објектот го позиционираат во врвот на објектите од овој тип. Материјалите кои се употребени во големата сала и архитектонската пластика овозможуваат врвна акустика.

Повеќе инфо за салата тука