info@karti.com.mk

EXIT 2024 - REGULAR TICKET

јули

11-14

3999 мкд

09:00

Нови Сад, Србија

                                                                                                                                                                                                          

 EXIT 2024

EXIT е повеќенаградуван летен музички фестивал, кој се одржува секоја година на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Со повеќе од 1000 артисти, кои настапуваат на преку 40 бини и фестивалски зони, EXIT е еден од најеклектичните, водечки музички фестивали во регионот.

Поминаа 20 години откако беше прогласенa State of EXIT, која во исто време претставува метафорична земја со свои пасоши и граници во склоп на ѕидините на Петроварадинската тврдина, но и стотици илјади нејзини граѓани, кои секој јули од над 100 земји во светот заминуваат на музички аџилак во Нови Сад, Србија. Фестивалот во 2023 ја надмина својата метафорична состојба и прерасна во сопствен универзум, EXIT Универзум, во кој луѓето чувствуваат слобода, љубов и припадност.

Во своето 23-годишно постоење, EXIT стана дом на многумина, кои секоја година продолжуваат да го посетуваат, го сакаат и се грижат за фестивалот.

И оваа година EXIT се вселува во Тврдината и ќе ја донесе својата магија од 11 до 14 јули! Ова е местото каде што припаѓа секој од ВАС, место во кое живее заедништвото, каде што музиката победува сѐ, со светските музички ѕвезди и четири неверојатни денови во кои слободата нѐ води кон најдобрата верзија од нас самите.

На првата фестивалска вечер, четврток 11 јули, Петроварадинската тврдина ќе ја отворат иконата на трап културата Gucci Mane, кралот на електронската сцена Carl Cox, Klangkuenstler, Rudim3ntal, Dub FX, Franky Wah, Henry Saiz, Sama’ Abdulhadi, Villagers Of Ionna Citty, Yotto и многу други.

Петок 12 јули, овој ден ќе го одбележат апсолутните легенди Black Eyed Peas, Chloe Caillet, Kobosil, Coroner, потоа Jokere Out, заедно со низа други изведувачи од сите музички жанрови.

Во сабота, на 13 јули фестивалот ќе го раздрмаат John Newman, Maceo Plex, Kenya Grace, I Hate Models, Patrick Mason, The Exploited, и Willy William, како и бројни други изведувачи кои ќе донесат уникатна сонична фузија на Петроварадинската тврдина.

Големиот финиш на овогодишното издание на EXIT Фестивалотво недела на 14 јули, ќе го донесат легендарниот гитарист Tom Morello, хаус маестрото Black Coffee, Steve Angello, Bonobo, Sara Landry, Barry Can’t Swim, Ian Asher и уште многу други светски и регионални гиганти на музичката сцена.