info@karti.com.mk

Драган Мијалковски 02.04.2024

април

02

1250-1800 мкд

20:00

Национална опера и балет

Драган Мијалковски

Јубилејните гала концерти  на нашата музичка легенда Драган Мијалковски ќе се одржат во придружба на Големиот концертен оркестар и  членови од Националниот џез оркестар во организација на Радио Буба мара

Ќе ги слушнеме најпопуларните песни на Драган Мијалковски кои ќе бидат изведени во исти аранжмани како во старите добри времиња.

Концертот ќе се снима со цел да се архивира за идните генерации , затоа подгответе се заедно да ги пееме  незаборавните Кажи ми, 223-3О5, Скопје радост моја, Кажи нешто драга, Перонот 3 , Моја малечка гулабице,Убава си како музика, Ти така ми доаѓаш , Оди си ,Иди иди душо моја ,Гитаро моја, Лебеди пловете и други незаборавни евергрини .

 Ексклузивно на овие концерти ќе слушнеме и  2 нови песни од новиот албум на Драган Мијалковски и може да се пофалиме дека ќе бидете воодушевени.

Радио БУБАМАРА најавува дека ова ќе биде незаборавна вечер за  сите генерации  и вистинско уживање со  аранжманите на Драган Џаконсвски Шпато, Александар Џамбазов,  Тодор Бојаџиев, Кире Костов, Ванчо Димитров и други  како дел од убавата музичка историја

Конертитот ќе се памети како голем културен настан во кој ќе ја прославиме нашата музичка култура и нашите најголеми музички вредности.