BARCELONA GIPSY BALKAN ORCHESTRA
BGKO Презентација
Сицилијанската пејачка Маргерита Абита донесе нови вкусови, свежа енергија и нова суштина во оркестарот на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во ноември 2019 година.
Во 2022 година тие ја одбележуваат својата 10-годишнина, презентирајќи нови авторски песни напишани од БГКО. Досега имаат објавено шест студиски албуми, посетено повеќе од 40 земји и лојална база на фанови на BGKO Јутјуб-каналот (со повеќе од 160.000 следбеници и повеќе од 90 милиони прегледи).
Со албумот „Нова ера“ја потврдија својата позиција како еден од најпознатите бендови во традиционалната музичка интерпретација, почитувајќи ги предците додека живеат во сегашноста.
Во нивните последни синглови, од вечниот македонски класик „Море сокол пие“ до сицилијанскиот фолклор во „Cu Ti Lu Dissi“, можеме да го цениме нивниот личен допир кога се свири музиката од Балканот, Блискиот Исток и медитеранските брегови; уникатен звук направен од разновидните уметнички влијанија на членовите.
Тие ќе ги донесат и своите славни аранжмани на класикот „Македонско девојче“ или „Kaleja Jaca“, ведрата и танцувачка румба на Есма Реџепова-Теодосиевска.
Во Скопје доаѓаат:
Маргерита Абита (глас, Италија)
Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија)
Стелиос Тогиас (перкусии, Грција)
Жулиен Шанал (гитара, Франција)
Чави Пендон (кларинет, Шпанија) (не на фотографијата)
Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија)
Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија)
Од оваа меѓународна формација произлегуваат најдобрите аранжмани, каде што секој инструмент има свое место и простор. Текстурите и тембрите се фино измешани во служба на секоја песна, од евоцирање емоции до френетичен транс ритам.