+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



Вера, љубов, надеж

јануари

30

200 мкд

20:00

Драмски Театар



Вера, Љубов, Надеж 

Вера, Љубов, Надеж - Театарска претстава - Драмски театар 

Едeн фон Хорват
ВЕРА ЉУБОВ НАДЕЖ
Мал танц на смртта во пет слики
Оваа театарска игра е создадена во соработка со Лукас Кристл

Наслов на оригиналот:
Ödön von Horváth
Glaube Liebe Hoffnung

Превела: Слободанка Поповска
Режисер: Лука Кортина (Италија)
Драматург: Викторија Рангелова Петровска
Сценограф: Мери Батакоја
Костимограф: Марија Пупучевска
Композитор: Љупчо Константинов
Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска
Тон мајстор: Саше Ѓорѓиев
Дизајн на светло: Звездан Миљкович
Светло мајстор: Митко Ризов
Асистент на режија: Јасмина Василева

Лица:
Елизабета - Наталија Теодосиева
Полицаец (Алфонс Клостермаер) - Филип Трајковиќ
Виш препаратор - Благој Чоревски
Препаратор - Димитрија Доксевски
Вицепрепаратор - Анастас Тановски
Баронот со траурен флор - Игор Ангелов
Ирена Прантл - Сања Арсовска
Госпоѓата сопруга на судијата - Ирена Ристиќ
Судијата - Зоран Љутков
Инвалид - Емилија Мицевска
Работничка - Соња Стамболџиоска
Сметководител - Лазе Манасковски
Марија - Јана Стојановска
Кримполицаец - Златко Митревски
Втор полицаец - Дениз Абдула
Јоахим, безумно смелиот спасител - Кристијан Светиев

 

Кон претставата „Вера, љубов, надеж“

 

“Вера, љубов, надеж” е приказната на младата жена Елизабета, која ја живее етиката на своите принципи против еден свет кој се правда со закони. Етиката пред правниот систем. “Вера, љубов, надеж” е тоа што ги прави луѓето луѓе, во еден свет каде што нема ни вера, ни љубов, ни надеж. Приказната е за сите оние што мислат дека односите помеѓу луѓето се градат исклучиво заради корист и за секој од нас кој во одреден момент изгубил верба. Приказната е за Елизабета,  вид во исчезнување, како што сме и сите ние кои се занимаваме со театарската уметност. Сите ние кои се бориме да докажеме дека театарот има незаменлива општествена улога во негувањето на критичката мисла. Приказната е и за мене и моите дванаесет години поминати во Македонија, во кои никој не поверува дека сум дојден заради искрената верба во театарот.

 

Лука Кортина