info@karti.com.mk

ТРАВИЈАТА – ЏУЗЕПЕ ВЕРДИ

октомври

27

500-700 мкд

20:00

Национална опера и балет

ЏУЗЕПЕ ВЕРДИ
„ТРАВИЈАТА“
27.10.2023 почеток 20ч.

Диригент: Бисера Чадловска
Режисер: Верена Штојбер (Германија) 
Сценограф и костимограф: Софија Шнајдер (Германија)
Кореограф: Саша Ефтимова
Асс.режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска
Асс. Диригент: Катерина Стојковска
Концерт-мајстор: Верица Ламбевска
Хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ
Корепетитор: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Јордан Петрушевски

Настапуваат:
Виолета Валери: Ана Дурловски
Алфред Жермон: Благој Нацоски
Жорж Жермон: 
Марјан Јованоски
Флора Бервоа: 
Марика Поповиќ
Анина: 
Александра Лазарoвска Василевски
Барон Дуфол: 
Васко Здравков
Маркиз Д’ Обињи: 
Драган Ампов
Гастон: 
Дејан Стоев
Д-р Гренвил: 
Борко Биџовски
Џузепе: 
Игор Гиновски
Комесарио:
Тихомир Јакимовски

Настапуваат: хорот, балетскиот ансамбл и оркестарот на НОБ

Испициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлер:  Невена Георгиева

 

ТРАВИЈАТА

Опера во три чина од Џузепе Верди. Либрето напишано од Франческо Марија Пјаве. Приказната се базира на новелата „Дамата со камелии“ од Александар Дима. Првата изведба е во Венеција, 6 март, 1853 година во Театро ла Фениче.

Синопсис

I ЧИН

Куртизаната Виолета Валери во својот салон ги пречекува гостите на забавата што ја приредува. Меѓу другите гости тука се Флора Бервоа, маркизот Обињи, баронот Дуфол и Гастон Леториер, како и новиот обожавател на Виолета, Алфред Жермон.

Овој млад човек кој од поодамна и се восхитува на Виолета и се придружува во „винската” песна. Од соседната просторија се слуша музика. Додека гостите преоѓаат таму за да танцуваат на Виолета и се слошува, па таа се повлекува во својата соба за да си дојде при себе. Влегува Алфред и гледајќи дека се сами и ја открива својата љубов на Виолета. Таа отпрвин се спротивставува, велејќи дека љубовта за неа не значи ништо. Сепак искреноста на момчето не ја остава рамнодушна, па таа му ветува средба следниот ден. Гостите си одат од забавата и Виолета се прашува себеси – дали тоа е човекот што би го сакала? Таа, сепак ја избира слободата, иако гласот на Алфред што доаѓа однадвор како да сака да ја убеди во спротивното.

II ЧИН

Неколку месеци подоцна. Алфред и Виолета живеат во селска куќа во близината на Париз. Тој ја воспева нивната заемна предаденост. Слугинката Анина му открива дека Виолета го жртвувала својот накит за да може да ја одржува куќата. На тоа Алфред оди во градот за да ги среди работите на свој начин. Виолета се враќа, го бара Алфред, но наместо него наоѓа покана за истата вечер за забава кај Флора Бервоа. Виолета нема намера да му се врати на стариот начин на живот, но неволјите започнуваат со појавата на таткото на Алфред, Жорж Жермон. Тој е импресиониран од господското однесување на Виолета, но сепак бара од неа да се откаже од свршувачката со неговиот син (скандалот со нивната врска ја довел во прашање свршувачката на сестрата на Алфред.) Виолета отпрвин одбива, но попушта, со тешко срце, пред убедувањата на Жермон. Сама и напуштена, Виолета му пишува проштално писмо на Алфред и ја прифаќа поканата на Флора. Во собата ненадејно влегува Алфред, а Виолета, едвај контролирајќи се, го потсетува колку многу го сака и забрзано излегува. Слугата му го врачува прошталното писмо на Алфред, а татко му го теши потсетувајќи го на убавиот семеен живот во Прованса. Откако Алфред ја забележал поканата на Флора тој се посомневал дека Виолета сака да го отфрли поради некој друг љубовник, па затоа се одлучува самиот да и се спротивстави на забавата.

III ЧИН

Сцена 1. Забавата кај Флора. Маркизот Обињи и кажува на Флора дека Виолета и Алфред се разделиле. Подиумот се расчистува за настапот на професионалните забавувачи: група Циганки – гатачки и неколку матадори кои пеат за Пикиљо и неговата љубена. Набргу пристигнува и Алфред, кој кажува неколку горчливи коментари за љубовта и започнува ноншалантно да се коцка. Пристигнува Виолета придружувана од баронот Дуфол, кој го предизвикува Алфред на партија карти. На коцкарската маса баронот губи мало богатство. Сите навиваат, а Виолета го моли Алфред да се видат насамо. Таа е преплашена од лутината на баронот и го преколнува Алфред да си замине. Алфред погрешно ја толкува нејзината загриженост и бара таа да признае дека го сака баронот. Скршена, таа се преправа дека тоа е точно. Сега Алфред ги повикува останатите гости да се соберат, јавно објавува дека ја раскинува својата поранешна љубов и пред нозете на Виолета ги фрла парите добиени на коцка. Таткото Жермон влегува токму навреме за да види што се случува и го осудува однесувањето на својот син. Гостите остро го критикуваат Алфред, а баронот Дуфол го предизвикува на двобој.

Сцена 2. Шест месеци подоцна, во спалната соба на Виолета Валери. Доктор Гренвил и соопштува на Анина дека нејзината господарка е болна од туберкулоза и дека нема уште долго да живее. Виолета е сама и го препрочитува писмото што и го испратил Жермон. Во него тој ја известува дека баронот е само ранет во дуелот со Алфред, а тој ја знае вистината и е на пат да побара прошка од неа. Меѓутоа, Виолета знае дека е предоцна за сè. Во Париз владее карневалско расположение. По улиците минуваат весели луѓе. Анина влегува да го најави Алфред. Вљубените во жар планираат засекогаш да го напуштат Париз. Влегува Жермон придружуван од докторот додека Виолета се обидува да ја собере последната трошка сила. Чувствува дека животот и се враќа, но таа се тетерави и мртва паѓа пред нозете на својот сакан.