info@karti.com.mk

ТОСКА – ЏАКОМО ПУЧИНИ

октомври

06

300 мкд

20:00

МОБ

ТОСКА – ЏАКОМО ПУЧИНИ

Tоска е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по италијанското либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза. Либретото се базира на драмата „Тоска“ од Викториен Сарду. Светската премиера на операта е одржана на 14 јануари 1900 г. во Рим, Италија.

Диригент: Бисера Чадловска
Асс. Диригент: Катерина Стојковска
Режисер: Огњан Драганов ( Бугарија)
Асс. Режисер: Трајко Јордановски
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Марија Пупучевска
Концерт мајстор: 
Асс. хор мајстор : Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитор: Елена Сиљановска, Јасмина Невчева, Андреја  Наунов

НАСТАПУВААТ:
Тоска: Весна Ѓиновска Илкова
Каварадоси: Зоран Сотиров
Скарпија: Марјан Јованоски
Анџелоти: Ернес Ибраимовски
Клисар: Драган Ампов
Сполета: Никола Стојчески
Шароне: Диме Петров
Клучар: Димитар Кожухаров
Овчарче: Александра Лазаревска Василев

Xорот и оркестарот на МОБ

Испициенти: Мирче Стојчевски, Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Светлана Георгиева, Павлинa Здравкова

Синопсис
Сликарот Каварадоси му помага на избеганиот од затвор Анџелоти да се засолни, но шефот на полицијата Скарпија и неговите агенти ја насетуваат трагата. Со вешти ветувања и закани Скарпија изнудува признание од Тоска, љубовница на сликарот и тој е фатен и осуден на смрт. Тоска бара помилување, меѓутоа Скарпија одбива. Би го помилувал доколку Тоска се согласи да биде негова. За да го спаси Каварадоси, Тоска се согласува но за реванш бара Скарпија да му даде документи безбедно да го напушти Рим. Договорено е стрелањето да биде фиктивно. Скарпија ги подготвува документите и кога ја посакува Тоска , таа го убива со нож. Веднаш му јавува на Каварадоси дека стрелањето ќе биде фиктивно. Сепак Скарпија, пред тоа наредил Каварадоси вистински да биде стрелан. Наредбата е извршена. Тоска сета избезумена сфаќа дека е измамена и пред да биде фатена од агентите на Скарпија, се фрла од затворската тврдина во бездна.