info@karti.com.mk

ТАЈНО МОЈА

Март

28

1200-2000 мкд

20:00 часот

МОБ

Премиерата и репризата на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески, кои беа закажани за 10 и 21.03.2017 се презакажуваат за 24 (петок) и 26 март (недела),  а се закажува и трета претстава во вторник на 28.03.2017.

Диригент: Иван Еминовиќ
Либрето: Огнен Неделковски
Режисер: Тони Михајловски
Сценограф: Марија Ветероска
Костимограф: Марија Пупучевска
Аранжман на музика: Кокан Димушевски, Сони Петровски
Кореограф: Олга Панго
Асс.кореограф: Ирена Лозинска
Асс.режисер: Дејан Прошев, Љупка Јакимовска
Ассхор-мајстор: Ѓурѓица Стојчевска, Јасмина Ѓорѓеска
Светло мајстор: Васко Лисичов

УЧЕСТВУВААТ:
Антонија Гиговска, Денис Димоски, Јана Стојановска, Александар Тарабунов, Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Арна Шијак, Дејан Лилиќ, Лазе Манасков, Сара Гигова, Хелена Мочевиќ, Љупка Арсова, Тања Бојковска, Мила Николовска, Анастасија Аврамовска, Симеон Коруноски, Јане Дунимаглоски, Ристе Гавроски, Марко Димитриевски, Марјан Стојановски и други.

Настапуваат Оркестарот, Хорот и Балетскиот ансамбл на МОБ

Мјузиклот „Тајно моја“ е проект во копродукција со фондацијата “Тоше Проески“ во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда по повод 10 години од неговата прерана смрт.

Мјузиклот ја следи љубовната приказна на млад пар. Нивната љубов пламнува за миг, но нивните разлики ќе ја доведат нивната љубов во прашање… Македонски “Ромео и Јулија“, сместени во периодот на транзиција, на почетокот на 21-от век. Време кога љубовта ги милува и освојува сите срца преку нотите и стиховите на Тоше Проески. Но, можат ли љубовта и музиката да го спасат светот? Двата чина на Мјузиклот „ТАЈНО МОЈА“  ќе се обидат да дадат одговор на ова прашање и на уште многу други прашања поврзани со другарството, пакоста, алчноста, осаменоста, желбата да се успее, стравот, надежта и љубовта.

Мјузиклот е базиран на голем број музички хитови на Тоше Проески, како Тајно моја, Немаш ни благодарам, Игри без граници, Полско цвеќе, Усни на усни, Сонце во твоите руси куси, The Hardest Thing и други.