+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



Repetitor / Sethstat +after party (hangar)

септември

30

150 мкд

21.00

Центар за култура „Браќа Миладиновци“



Repetitor / Sethstat +after party (hangar)

Репетитор е garage rock/post-punk трио од Белград, Србија. Тие се без сомнение, еден од највозбудливите концертни бендови во Европа со 3 интензивни европски турнеи позади себе и настапи на фестивали како: Sziget, Exit, Eurosonic, Pohoda, Europavox, Rock For People, Loftas, Stereoleto, INmusic, Waves Vienna and Bratislava, Botanique, концертни настапи во Кина и Москва. Во октомври 2016 година, го објавија нивниот трет албум Gde Ćeš под етикетата на Moonlee Records. Нивните први два албума, Sve što vidim je prvi put (Odličan Hrčak, 2008) и Dobrodošli na okean (Moonlee Records, 2012), исто така добија критички признанија низ целиот континент.

“They make you fall in love with guitar rock all over again and are arguably the best guitar band on the planet right now. They are the 21st Century Nirvana who have come to save rock.” (John Robb, Louder Then War)

Sethstat i Mirko Popov е навидум неочекувана, но неверојатно добитна музичка комбинација. Кога на моќниот, модерен слободен џез на Сет, го додадете несомнениот дивергентен сонграјтерски потенцијал на М.Попов, излегува потполно ново и потентно сонично животно. На моменти можеби помалку мрачни, но извонредно музикални шлагери кои црпат инспирација колку од џезот, толку и од поп номенклатурата од минатите неколку децении. Ова комбо веќе има еден заеднички албум позади себе (Се Плашам од Македонци, PMG Recordings 2015), а во моментов го промовира новиот ЕП – Лунатика.

Очекувајте пеколна свирка со силен емоционален набој.