info@karti.com.mk

ONE LOVE FESTIVAL СТРУМИЦА

јули

27

300 мкд

20:00

Базен Аквариус

ONE LOVE FESTIVAL СТРУМИЦА

Живееме во време, во кое луѓето се делат по етничка, верска, расна, статусна… и уште каква не припадност.

Но, љубовта не знае за предрасуди, а љубовта кон уметноста е способна да ги „уништи“ сите граници, дури и државните.

Па така е и овој пат: Две соседни држави + најголемите хип-хоп артисти = ONE LOVE Fest Македонската „Иноватива“ и бугарската „Mejdinna stancia“ ја имаат најдобрата летна турнеја за оваа сезона.

Турнејата „One Love“ ќе помине во осум градови низ Македонија и Бугарија.

Журката започнува на 22 јули во Банско со бесплатен концерт, а продолжува на 26 јули во Охрид, потоа на 27 јули во Струмица, 17 август во Сончев брег, 18 август Варна, 6 септември во Пловдив, 30 септември во Скопје, и завршува на 7 октомври во Софија. Турнеја која обедини шест балкански ѕвезди со заедничка љубов кон хип-хоп музиката.

Од Македонија ќе настапуваат: Слаткаристика, Тони Зен и Дј Гоце – С.А.Ф., а од Бугарија: Криско, Гери-Никол и Апсурт.