Murder Ballads
Диригент: Џијан Емин
Солисти: Тања Царовска
Бранислав Николов
Следејќи ја традицијата и оваа година Македонската филхармонија по повод Денот на вљубените подготвува несекојдневен музички настан. Овој пат насловен „Murder Ballads“, концертот ќе претстави теми од славните Леонард Коен, Ник Кејв, „Портисхед“, Том Јорк, Бјорк, Ненси Синатра, Џони Кеш…, во аранжмани и под диригентство на Џијан Емин. Како вокалисти ќе настапат Тања Царовска и Бранислав Николов (фронтменот на „Фолтин“).