info@karti.com.mk

КОНЦЕРТ НА ALGIERS ВО МКЦ

Февруари

02

350 мкд

21:00

МКЦ

КОНЦЕРТ НА ALGIERS ВО МКЦ

algiers vo mkc

Algiers се политички „трезвено“ инди-рок трио што комбинира елементи на пост-панк и но-вејв со блуз, госпел па дури и рана индустриска музика. Опстојуваат помеѓу Њујорк и Лондон. Почнуваат со работа во 2009 во Атланта, Џорџија кога гитаристот Lee Tesche и басистот Ryan Mahan, и двајцата дел од градската полетна андерграунд рок и ноиз сцена, го среќаваат вокалистот... и гитаристот Franklin James Fisher, чии музички корени потекнуваат од големата црнечка госпел традиција на Југот, соул-блузот на Nina Simone и остар фанк. Сите членови на бендот свират перкусии и клавијатури и програмираат тапани. Нивните песни активно се занимаваат со критика на културата преку коментар за традициите во политичките, социјалните и религиозни сфери.

Триото почнува да пробува и да свири концерти, комбинирајќи најразлични влијанија и вадат хибриден нивни личен звук што содржи и даб, панк и афро-фанк. Иако и тројцата заминуваат на различни школи и факултети преку океанот, остануваат во контакт на меил и заедно на интернет дискутираат за музика, влијанија и политика.

Првиот сингл, Blood беше снимен во студија во Лондон и Њујорк и беше издаден во 2012 во ограничен тираж. Беше распродаден брзо и бендот привлече внимание од критиката поради нивните високоенергични настапи како и поради нивниот уникатен хибриден звук.

Claudette, вториот сингл беше сниман во наредните неколку години и се појавува во 2013. Matador Records го открива бендот преку неговата веб-страница и потпишува договор со нив во јануари 2014. Во април тие почнуваат со работа на нивниот деби албум. Mahan и Tesche живеат во Лондон, а Fischer во Њујорк. Тој доаѓа во Британија и заедно со британскиот продуцент и саунд-инженер Tom Morris, триот го завршува снимањето во 4AD студијата. Албумот насловен по бендот содржи одново снимени верзии од нивните први два сингла, и збогатен е со песните But She Was Not Flying and Black Eunuch. Целосниот албум излегува во јуни 2015. Откако наидува на широко признание од критиката, Algiers свират турнеи без престан, засилени со новиот тапанар Matt Tong во нивните редови, при што освен средбите со обожавателите, остваруваат силни контакти со најразлични музичари, кои им помагаат и учествуваат во снимањето на нивниот втор албум во периодот на хаос помеѓу Брегзит и изборот на Доналд Трамп. Mahan објаснува: „Овој албум е снимен во политичка состојба што од криза како во доцните 70-ти и надоаѓачкиот хаос од анти-конзервативниот неолиберализам, преку Тачер и Реган, нè фрла во доцните 30ти години, во свет распаран од фашистички национализам и белечки расистички фантазии во САД и надвор. Насловен The Underside of Power, албумот е продуциран од Adrian Utley и Ali Chant од Portishead и миксан од Randall Dunn (Sunn O))) со постпродукција од Ben GreenBerg (the Men, Hubble). Потоа во април 2017 следуваше сингл насловен како албумот и спот и целосно албумско издание во јуни.