+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



КЛЕОПАТРА – БАЛЕТ НА ВАСИЛИЈ МЕДВЕДЕВ

декември

27

600 мкд

20:00

МОБ



КЛЕОПАТРА – БАЛЕТ НА ВАСИЛИЈ МЕДВЕДЕВ

Балет на Василиј Медведев (Русија)

Светската балетска уметност познава бројни примери на дела инспирирани од креациите на славни танчери. „Клеопатра“ на реномираниот кореограф Василиј Медведев е грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет. Инспирирано од примадоната на балетската сцена Александра Мијалкова, „Клеопатра“ е дело за последната царица на Египет, наследничката на Александар Македонски, легендарната таинствена освојувачка на срцата што од дамнина ги воодушевува поетите, композиторите, уметниците и режисерите. „Клеопатра“ е силен одраз на индивидуалниот танцов набој на Мијалкова, улога со која нашата примабалерина испишува уште една страница во историјата на балетската уметност, историја што говори за многубројни нејзини успеси, за колоритни и впечатливи изведби, за емоционална и духовна посветеност на публиката. Македонската публика има уникатна можност да го погледне балетот кој сѐ уште не е поставен во ниеден друг театар во светот, да се насладува на мајсторството и талентот на Александра Мијалкова и да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танцовите чудеса на антички Египет.

Бисера Чадловска – диригент, Василиј Медведев(Русија) – кореограф, Нерија Голдберг (Литванија) – музика, Павол Јураш (Словачка) – сценографија/костимографија, Јана Темиз – либрето, Милчо Александров – светло дизајн

Главни улоги: Александра Мијалкова,  Васил Чичијашвили (Грузија), Јован Веселиновиќ (Србија), Марија Кичевска-Шокаровска, Мими Поп Алексова Атанасовска, Дојчин Дочев (Бугарија)

Солисти, балетски ансамбл, оркестар и хор на Македонска опера и балет