info@karti.com.mk

GUS GUS

Април

22

600 мкд

22:59

Скопски Саем Хала 5

GusGus

GusGus е едно од водечките имиња на електронската сцена со нивната кариера која се протега низ цели 20 години! Бендот е една од ретките појави на оваа сцена кои успеале да останат релевантен музички фактор толку долго. Составот ротираше повеќе имиња, но од основачите во бендот се уште членуваат Biggi Veiran и Daníel Ágúst, а во моментов трет член е Högni Egilsson. Формирани се во Исланд во 1995 година како филмско/музички колектив. Нивниот прв издаден албум станува најпродаван во Исланд, а веќе следната година потпишуваат договор со издавачката куќа 4AD.

По издавањето на Polydistortion (за 4AD/Warner) во 1997, GusGus го бетонираат својот статус на едни од најбараните електронски бендови на планетава. Со кариера која се протега низ цели 20 години, GusGus продуцираат секакви можни електронски жанрови, од techno до trip-hop, од house до progressive, па и поп!

Посебно внимание предизвикува нивниот албум Mexico на кој магично претставуваат нумери од synth-pop (Obnoxiously Sexual), deep techno (Mexico), progressive house (Airwaves), до мега-хитот Crossfade.