Општи информации
Театар „Јордан Х. К. Џинот“
Националната Установа Центар за култура Театар "Јордан Хаџи Константинов - Џинот" од Велес е една од најстарите и водечки театарски институции во Македонија, основана во 1948 година. Го носи името на својот патрон Јордан Хаџи Константинов - Џинот, првиот македонски драмски писател и основоположник на македонскиот театар. Театарот "Џинот" Велес е државна театарска институција финансирана од Министерството за култура на Република Македонија. Театарот има нова репрезентативна театарска зграда со највисоки технички стандарди.