info@karti.com.mk
Хотел Александар Палас е сместен на десната страна на реката Вардар, во близина на Градскиот парк, оддалечен само 3 км од центарот на градот, во непосредна близина на најзначајните административни, културни и историски објекти. Хотелот располага со 135 климатизирани соби вклучувајќи и 22 апартмани: јуниор , егзекутив и претседателски апартман. Сите соби се комплетно опремени со: директна телефонска линија, 32” and 42” лед смарт ТВ (LED Smart TV), сателитска и кабловска ТВ, брз безжичен интернет, приклучок за интернет, мини-бар и сл. Исто така, хотелот располага со модерен конгресен и банкет-центар, составен од мултифункционални конференциски сали со капацитет од 1800 седишта и 4 помали сали со целосна техничка опрема за бизнис состаноци. Ресторанот „а ла кард“ и аперитив-барот нудат богат избор на национални и интернационални специјалитети и широк асортиман на висококвалитените локални вина на винарницата Сковин. Во хотелот има СПА и фитнес-центар со современа опрема за фитнес, внатрешен базен, сауни, парна бања и џакузи. За љубителите на спортот хотелот поседува 6 тениски терени со тврда подлога (plexicushion) и 2 терени за кошарка. Хотелот има гаража со капацитет од 40 возила и голем простор за паркирање пред влезот.