info@karti.com.mk
НУ Центар за култура „Ацо Шопов” во Штип е изграден во 1979 год. и располага со корисна површина од 3100 м2, од кои 410 м2 отпаѓаат на сценскиот простор. Центарот располага со голема сала со 615 седишта и мала сала, односно сцена со 120 седишта. Во рамките на приредувачката дејност во Центарот се организираат манифестации од областа на музичко - сценските уметности, драмската, ликовната, литературната, како и најразновидни општествени и културно - образовни форми (предавања, трибини, академии). При Центарот за култура како матични форми работат: Драмското студио, Ликовното студио и Хармоникашкиот оркестар. Во Центарот традиционално се организираат следните манифестации: Биенално студио за цртеж „Во чест на поетот“ (посветено на Ацо Шопов), Фестивалот на музика „Макфест“, „Екран - театар фест” и др. Во просториите на Центарот се сместени уште и: Културно - просветната заедница, Друштвото за наука и уметност, Списанието „Дело 74“ и др. Годишно во Центарот се организираат околу 130 манифестации. Своевремено во дел од објектот се наоѓаше Домот на АРМ, но по формирањето на Универзитетот „Гоце Делчев”, просториите беа отстапени на Ректоратот на Универзитетот.