info@karti.com.mk

AVID HELBOCK TRIO AND TRONDHEIM JAZZ ORCHESTRA & OLE MORTEN VÅGAN

октомври

19

600 мкд

20:00

МОБ

Скопје Џез Фестивал

DAVID HELBOCK TRIO and TRONDHEIM JAZZ ORCHESTRA & OLE MORTEN VÅGAN


DAVID HELBOCK TRIO

Австрискиот пијанист Давид Хелбок припаѓа на генерацијата џез музичари кои функционираат по  сопствени индивидуални насоки, поместувајќи ги границите радикално,повторно  структуирајќи го нашето разбирање за тоа што е стара, а што нова музика, преуредувајќи ја композицијата и импровизацијата и предизвикувајќи ги вообичаените предрасуди за стилот и сопствениот белег. Не секој пијанист може да се соочи со импресивниот предизвик да тргне на внатрешно патување без музичката трага од тоа патување да звучи несмасно и тешка. Концентрацијата и имагинацијата, точноста и моќта на изразувањето, музичката вредност и чистите технички вештини потребни за успешната изведба, за повеќето се недостижни. Но, Давид Хелбок, добитник на австриската „Награда за исклучителен уметник“, не е обичен пијанист. Тој има флексибилна техника, големо портфолио на нијанси, а е и доволно длабок мислител за да изрони од копањето по длабочните на срцето и умот, без притоа да звучи како да се напрега прекумерно, меѓу другото и затоа што поседува саркастична досетливост и субверзивен шарм. Всушност, кога Хелбок се префрла од френетична виртуозност на лирична експанзивност, може да се види вистинската смелост на неговата техника и музикалност. Давид Хелбок свирел на турнеи и работел на различни проекти, во земјите како што се САД, Австралија, Мексико, Индија, Бразил и ширум Европа. Во 2016 година сегашното трио на Хелбок  за престижната музичка куќа ACT го објави албумот "Into the Mystic".

 

TRONDHEIM JAZZ ORCHESTRA & OLE MORTEN VÅGAN

Trondheim Jazz Orchestra е еден од најважните и најкреативни џез состави во Европа. Важна карактеристика на Trondheim Jazz Orchestra е флексибилната и променлива големина на оркестарот. Функционира на проектна основа и се менува во однос на инструментацијата и големината во зависност од еден до друг проект. Во текот на изминатите седумнаесет години, оркестарот имаше голем број возбудливи проекти со норвешки и други џез музичари, како Чик Корија, Пет Метини, Џошуа Редман, Ерленд Скомсвол, Ејрик Хегдал, Софија Јернберг, Џени Хвал и Стијан Вестерхус. Музичарите вклучени во оркестарот се меѓу најпознатите џез имиња од Норвешка. Оле Мортен Ваган е еден од најбараните норвешки басисти и композитори. Како водач на својот квинтет Mоtif од 1998 година тој ја изведува својата музика ширум светот. Во мај 2014 година премиерно го претстави своето ново дело, овојпат како уметнички директор на Trondheim Jazz Orchestra. Во април 2016 година проектот е одбран за промоција на Jazzahead во Бремен, а во 2017 година е присутен на џез фестивалите ширум Европа.