info@karti.com.mk

Чолак

јануари

31

200 мкд

20:00

Драмски Театар

Чолак 

Театарска претстава Чолак - Драмски театар 

Режија: Синиша Евтимов

Сценографија: Илина Ангеловска

Улоги: Сашо Тасевски, Рубенс Муратовски, Игор Стојчевски, Филип Трајковиќ

КГ: Инспициент: Гоце Бојчев

Суфлер: Жаклина Цветковска

Осветител: Митко Ризов

Тонмајстор: Чедомир Младеновски

 

Г-дин Кара

Пред 27 години, младо момче на свои 16 години, безгрижно си играше во своето маало, кога од никаде, се појавија 4 горили, кои тој не ги познаваше, го зграпчија, го бутнаа во комбе и го одвлечкаа на едно прекрасно планинско место, надвор од градот. Идиличниот крајолик го дополнуваше и река, преку која поминуваше железнички мост. Овие луѓе, без никаква конкретна причина, всушност и без еден изречен збор, го качија момчето на мостот и му ја ставија раката на една од шините....момчето за кое зборувам, сум јас...и го држат, присилен е да остане со раката на шина, тој вреска, се дере, додека во далечината гледа воз, кој се движи во негов правец, и овие...луѓе...тие го присилуваат да се соочи со воз кој бргу се приближува. Момчето дури и во овој момент, длабоко во себе, се надева, дека ова е можеби само скриена камера, невкусна шега, но тие, не се шегуваа. Тој го гледаше возот како цунами кое доаѓа кон него, и гледаше како тркалата му ја откинуваат шаката од раката. Додека тој врескаше во агонија, а возот продолжи кон залезот на сонцето, тие ја собраа неговата рака, овие дегенерици....ја земаа раката со себе и кога се одалечија на некои педесетина метри, се свртеа кон него, почнаа да му се смеат и потоа знаете што направија? Му мафтаа на момчето. Му мафтаа на момчето со неговата рака. Тој ден, момчето за последен пат, ја виде својата лева рака, но добро ги запомни нивните лица. Знаете какво чувство е тоа? Некој да ви мафта со сопствената рака? Додека момчето лежеше таму, мислејќи дека умира, одлучи дека, доколку преживее, својот живот ќе го посвети на две работи: да си го поврати она што му е насилно одземено и да се одмазди на оние гнаси кои му го направија ова, без некоја посебна причина. Е овие гнаси, веќе подолго време ги нема и иако можеби некогаш ќе ги пронајдат нивните черепи, нема никогаш да ги најдат нивните лица. Но, раката, веќе погодувате, не ја најдов. Идиотите ја продале. Така ми кажа едниот од нив пред да умре. Ми го кажа и името на човекот на кој му ја продале. Отидов да го посетам. Ни една, од шесте раце, кои тој ги имаше, не беше моја. Од овој човек добив име од некој на запад кој би можел да ми помогне. Овој пак ми даде контакт од некој од исток кој би можел да ми помогне. Ова продолжи во наредните 27 години и полека стигам до поентата, внимателно слушајте, за да ја разберете величината на ова што се случува во моментов овде. Кога еден човек, ќе ги потроши најубавите години од својот живот, обидувајќи се да пронајде нешто......се дружев со уличен џган, претресував дилери на лешеви насекаде и во секоја можна уличка и сретнав уште какви не луѓе, од оваа тажна нација во распаѓање......бараше нешто, за што знаеше дека, дури и да го пронајде, нема да биде добро, нема да му користи, нема да може да го залепи назад, не е глуп....но и покрај сето ова, тој мораше да трага по тоа, само поради тоа што, тоа нешто, му припаѓа нему, а некој му го зема. Е сега, да поминеш низ сето ова, во константна потрага, да патуваш толку многу, насекаде и на крај да дојдам овде во оваа соба, да се сретнам со вас, во надеж дека токму вие ќе ми помогнете да го завршам овој поход. И што добивам јас од вас?! Рака од црнец?!? Ја на црнец ви личам?!? Морам да признаам дека во моментов ми е малку тешко да се соберам. Да бидам искрен многу ме разочаравте.

 

МАРТИН

Јас сум од оние луѓе шо секогаш се надеваа у средно, дека некој ќе улета и ќе почне да пука по сите. Кај мене у школо никогаш нишо не се дешаваше. И ја си сањарев по цел ден, си замислуев дека пар мрачни клинци ќе улетаат ко у Америка, милитантно облечени и ќе почнат да пукаат ко луди насекаде, а јас ќе станам, ќе бидам херој и ќе ги спасам сите. Добро сеа може не баш сите, ама еве да речеме изрешетале десетина деца и после тоа со скршена нога, крварам, користам момент на невнимание, му ја одземам пушката на едниот, ги рокнувам и ги спасуем сите. Не би ми сметало ни да умрам во таков обид. Али затоа ептен би ми сметало да умрам као и сите други. Без да се обидам, да сменам нешто. Као си седам решавам задачи по математика и у еден момент некој ти свирнуе куршум у глава. Не е кул. А се кладам дека 99 посто од децата би сакале само уште еден обичен просечен ден без проблеми. И да јадат тост на голем одмор. Тажно.

 

Повеќе информации и фотографии за претставата тука.