+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



CHRYSTA BELL НА CINEDAYS 2017

ноември

18

300 мкд

22.30

МКЦ

CHRYSTA BELL НА CINEDAYS 2017

 

Chrysta Bell Zucht, професионално позната како Chrysta Bell, е американска пејачка, композиторка, модел и актерка. Професионално има соработувано со режисерот и композитор Дејвид Линч, откако двајцата се запознаваат во 1999 година и заедно издаваат два албума жанровски означени како dream pop. Нејзиниот глас и музички стил се опишани како небески и сензуални. Нејзиниот нов албум, We Dissolve, независно издаден за Meta Hari Records во јуни 2017, е во продукција на John Parish, а свој удел имаат и Adrian Utlez, Geoff Downes и Stephen O'Mall. Во нејзината прва телевизиска улога Chrysta Bell го игра ФБИ агентот Tammy Preston во новите изданија на Твин Пикс што се појавија во мај 2017.