info@karti.com.mk

ANTHONY JOSEPH

октомври

21

400 мкд

23.59

МКЦ Денсинг Сала

Скопје Џез Фестивал

ANTHONY JOSEPH 

Антони Џозеф е поет, писател, музичар и предавач роден на Тринидад, кој живее во Велика Британија, и ги спојува соул, фанк и карипските мелодии. Неговиот последен албум, “Caribbean Roots”, објавен во 2016 година претставува бескомпромисно враќање кон корените. Како и секогаш, Џозеф останал доследен на моќното, длабоко всадено чувство на сопствениот карипски идентитет. Доследен во рестартирањето на својата музичка матрица, како што веќе направи и со распуштањето на своите Spasm Band и Rubber Band, почнува со блескава идеја, регрутирајќи музичари од Гвадалупе и Тринидад. Почнувајќи како заеднички проект со исклучителниот перкусионист Роџер Распал (кој соработувал со Цезариа Евора и Папа Вемба), албумот набргу прерасна во големо дело кое што во себе ги вгради ритмите, звуците и вибрациите што одекнуваат на Карибите, од Сан Фернандо, Кингстон и Лез-Абим до Порт-о-Пренс и Хавана. Со поддршка на бендот составен од музичари со карипско потекло, албумот се обидува да ги обедини различните острови во единствен ентитет без да разводнува ниедна индивидуална нишка. „Идејата е дека Карибите се фрагментиран регион – социјално, политички и историски. Според мене, тоа е обединет простор со поголема поврзаност отколку разлики. Албумот бара луѓето да сметаат на своите корени кои се на Карибите, а генерациите кои имаат длабоко чувсто на припадност сега можат да располагаатсо правото на просторот кој припаѓа на нашите предци.”- вели Џозеф.