+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



15 ГОДИНИ ДНК

Maj

12

300 мкд

21:00 часот

Метрополис Арена



15 ГОДИНИ ДНК: ГОЛЕМ РОДЕНДЕНСКИ КОНЦЕРТ

Предводниците на македонската ар-ен-би / поп сцена ( Панчо и Андреј ) и официјално го најавија својот голем славенички концерт кој ќе се одржи на 12 Мај (петок), во „Метрополис Арена“ во Скопје!

Овој концерт на ДНК е одбележување на 15 години од нивното постоење на македонската музичка сцена, но воедно и концертна промоција на нивниот најнов албум „Уште еден ден“ (мај, 2016). На големиот концерт во Скопје, ДНК во придружба на својот бенд ќе ги изведат последните музички остварувања и сите останати хитови од нивниот 15-годишен репертоар кои денес бележат и милионски прегледувања на нивниот официјален „Јутјуб“ канал, како: „Срце“, „Што сака нека биде“, „Север и Југ“,„Она е од шутка“, „Авион“, „Само таа знае како“, „Најмила“, „Стојам сам“, “Полна Месечина”, “Навлечен на Тебе”, “Пази се од Мене”… На три часовното шоу , друштво ќе им прават и сите колеги со кои во својата 15-годишна кариера имаа соработки. Браќата Тавитјан, Тамара Тодевска, Магдалена Цветковска-Ена, Роберт Билбилов, Дарко Илиевски… се само дел од домашните музички имиња кои ќе ги видите и чуете на сцената во Метрополис арената на 12 Мај ( петок ).

Почетокот на спектаклот е најавен за во 21 часот, а вратите за влез ќе бидат отворени од 20 часот . За загревањето на атмосферата ќе се погрижат Хип Хоп диџеите : Irie Scratch,Fitty Flow и Диџеј Nasty. Ваше е само да присуствувате и донесете позитивна енергија, а наше е да ви ја направиме вечерта незаборавна.